Раде Стојановиќ ја завршува својата мисија во Тримо Требње

283

Селекторот на машката младинска репрезентација, Раде Стојановиќ по завршување на оваа сезона ќе се раздели со Тримо Требње. Македонскиот стратег својата одлука ја најави на социјалните мрежи и најави дека ќе го даде максимумот за да стигне до титулата во шампионатот во Словенија.

„Благодарен сум за ова поглавје, фокусот ни е да ја завршиме сезоната што е можно посилно. Како што сезоната доаѓа до крајот, така завршува и моето време како главен тренер на РК Тримо Требње. Вистински сум благодарен за можноста за соработка и сето искуство што го земам со мене. Горд сум на прогресот на тимот, професионалниот пристап и силната релација која ја изградивме преку напорна работа, посветеност и делба на целите. Секое патување има крај, јас го затворам ова поглавје со чувство на исполнетост и голема почит за клубот, ракометарите и фановите. До последниот свиреж, ние остануваме фокусирани, заедно, ќе го дадеме максимумот за да го водиме Тримо Требње до титулата во националното првенство“, напиша Раде Стојановиќ.

ПретходноПеп се израдува како да освоил ЛШ: Сити со гол во 90+4.минута за победа над Астон Вила!
СледноБарса маршира кон титулата! Каталонците сега имаат +7 пред Реал Мадрид! (ВИДЕО)