Оваа година се одбележуваат 10 години од основањето на УЕФА Фондацијата за деца. Веќе цела деценија фондацијата е посветена на правење позитивни промени во животите на децата кои се соочуваат со секојдневни предизвици.
Фондацијата заедно со фудбалските асоцијации покажаа дека фудбалот е многу повеќе од игра – тој е алатка за надеж, пријателство, образование, здравје и шанса за подобра иднина.
Фондацијата направи извонреден напредок во подобрување на благосостојбата на децата низ Европа и пошироко. Основана во 2015 година, Фондацијата поддржува 128 активни проекти и има финансирано 577 иницијативи во 138 земји.
ФФМ ќе го одбележи овој важен јубилеј со помош на УЕФА Фондација за деца и фудбалскиот клуб Карпошово со лансирање на проектот: „ФУДБАЛ ЗА СИТЕ”.
Проектот опфаќа организање фудбалски активности за деца и млади со Даунов синдром и лесна попреченост. Целтта е да се обезбеди тренинг од стручни лица и да се поттикне инклузија преку фудбалските активности.
Да продолжиме да градиме подобра иднина.