Во женската кошарка повторно имаме скандал. И повторно во центарот на вниманието е ЖКК Вардар, кој ја загуби четвртфиналната пресметка против МЗТ Скопје бидејќи во игра влегла кошаркарка која ја немало на записникот доставен пред стартот на истиот.
Ова не е првпат „црвен-црните“ да го повторат истото дело, пред неколку години, селекторот на македонската женска репрезентација, Александар Ашаданов имаше ваков пропуст.
Покрај Вардар, казна има и за делегатот на мечот Миа Божиновска која доби забрана за вршење на должност од четири меча во сите младински и сениорски лиги.