Уф, каков меч во “Веспрем Арена“. Вистинско ракометно шоу во реванш дуелот од 1/4 финалето во Лигата на Шампионите. При резултат 27:27, гостите постигнаа гол на три секунди до крајот и славеа победа од 28:27 и славеа пласман на Ф4 во Келн, ако се знае дека на првиот меч во Магдебург беше 26:26.
Ова третпат во низа овој тим да игра на Ф4, а Веспрем ќе го нема и третпат по ред во завршницата во ракометната Лига на Шампионите.
Унгарците самите си се виновни, имаа во два наврати добра разлика, на 10 минути до крајот имаа и +4, но Магдебург сепак е германски тим и успеа да оди во Келн.
Таму се веќе Фуксе Берлин и Нант, а вечерва ќе го дознаеме и последниот патник по реваншот меѓу Барселона и Сегед.