Куманово е третиот патник во полуфиналето на плеј-офот. Избраниците на Марин Докузовски славеа на гостински терен кај Кожув со за крајни 3-1 во четвртфиналето. За противник во следната рунда ќе го имаат тимот на МЗТ Скопје.
Добрата игра во втората четвртина во која гостите беа подобри со 12-21 им даде сила на кошаркарите на Куманово. По 34-42 на одморот ги одбранија сите налети на противникот, и со нова добра игра во последниот период заслужено дојдоа до победа.
Луковиќ со 25 поени и 13 скока беше лидер кај победникот, на другата страна Вилсон запиша 17 поени и 8 скока.
Пелистер не му дозволи на Работнички да дојде до третата победа, одлично го искористија домашниот терен, беа подобри со 85-67 за 2-2 во четвртфиналната пресметка, патникот за полуфинале ќе биде решен во Скопје.
Битолчани беа подобри во второто полувреме. По 39-44 на одморот, во третиот период беа подобри со 22-10, а оваа своја доминација ја повторија во последната четвртина во која ставија печат на триумфот.
Стајиќ со 21 поен беше прв стрелец кај победникот, добра игра прикажа Мишкови со 17 поени. Кај поразениот тим, Роше имаше 18 поени и 8 скока.