Милано: Сами си ја искомпликувавме работата

569

Алкалоид и Вардар 1961 одиграа вистински дерби натпреварот, кој заврши без победник (26-26). Милан Лазаревски постигна гол за бод против секогаш незгодниот Алкалоид, кој веќе долго време не може да се потпре на лидерите.

Вардар 1961 по овој меч ја загуби предноста од еден бод во однос Пелистер. Сега двата тима имаат по 13 бода. Битката за титулата стана уште поинтересна.

„Одигравме тежок меч, во кој во првото полувреме имавме шанса со играч повеќе да се одлепиме, а потоа во второто поувреме имавме плус од четири, имавме шанса за пет, но не ја искористивме. Сами си ја искомпликувавме работата. Секако дека бодот ме радува и е позитивен во овој случај. Во еден тежок финиш дадовме два гола во една минута, по тајм-аутот игравме седум на шест, а потоа моите играчи го дадоа животот да го дадат тој последен гол. Задоволен сум како заврши дуелот“, изјави тренерот на Вардар, Гиљермо Милано.

ПретходноАлиоски ја освои Лигата на Шампиони на Азија
СледноНорис најбрз на спринтот во Мајами