Арсенал без Тимбер за реваношт со ПСЖ во ЛШ

47

Менаџерот на Арсенал, Микел Артета, призна дека дефанзивецот Тимбер би можел да го пропушти претстојниот реванш натпревар од полуфиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен поради повреда.

Играчот не беше во групата за натпреварот против Борнмут, кој Арсенал го загуби со 1:2 и останува под знак прашалник за клучниот судир во Париз во среда.

Тимбер, кој се опоравува од сериозна повреда на коленото здобиена на почетокот на минатата сезона, одигра 83 минути во првиот натпревар против ПСЖ пред да биде заменет од Бен Вајт.

ПретходноВолш и Ледецки урнаа два светски рекорди
СледноШкупи бара нов тренер: Ердем доби отказ