Три македонски и пет странски екипи дел од турнирот „Крсте Андоновски“

251

На годинешното издание на Меморијалниот меѓународен ракометен турнир „Крсте Андоновски“, што ќе се одржи од 19-23 август, официјално ќе учествуваат осум екипи.

Домаќинот потврди дека од Македонија на турнирот ќе настапат три тима: домаќинот ГРК Охрид, актуелниот шампион РК Еурофарм Пелистер и двократниот освојувач на Лигата на шампионите РК Вардар 1961.
Од надвор се останатите пет тим: РК Партизан (Србија), РК Динамо Панчево (Србија), РК Нексе (Хрватска), РК АЕК (Грција), К.Торшван (Фарски Острови).

Групите ќе бидат извлечени во петок, 9 мај, по што ќе биде познат и распоредот на натпревари на турнирот.

ПретходноКФСМ со соопштение: Комплетирана е исплатата на официјалните лица!
СледноТРЕНЕР НА КОЛОТО: Гоце Седлоски (Вардар)