Естонија е првиот противник на македонската ракометна репрезентација во последните две битки за пласман на Европското првенство, мечот се игра на 8 мај во Талин. Селекторот, Мартин Нодла нема да смета на најдодбрите играчи, Карл Том и Јирген Руба поради повреда, а отсутби ќе бидат Пертелсон, Тимо, Отса и Челмниш.
„Во слична ситуација сме како и минатиот пат. Додека во март натпреварите беа помеѓу плејофот од Балтичката лига, сега сме во решавачката фаза од првенството. Треба да можеме ментално да ги изостриме играчите и да се надеваме дека пролетното сонце ќе донесе попозитивно расположение на теренот. Нашиот главен фокус е сè уште на првиот натпревар пред домашната публика против Македонија. Бевме премногу пасивни во одбраната против истиот противник на гостински терен. Тие се обидуваа да нè потиснат, но ние треба да бидеме поагресивни и да ја направиме нашата одбрана покомпактна.
Се обидуваме да го скратиме нивното време за донесување одлуки и да направиме што е можно помалку технички грешки. Иако ова е лесно да се каже во теорија, ќе се обидеме да ги спречиме нинвите лесни голови од брзи контранапади“, изјави Нодла.
И Македонија на оваа средба нема да настапи во најсилен состав, ако се земе во предвид последниот со кој Кирил Лазаров и неговите момци одиграа одличен Мундијал во Хрватска.