Ѓорческа и Стоилковска елиминирани на стартот на турнирот во Грузија

28

Двете македонски репрезентативки Лина Ѓорческа и Магдалена Стоилковска доживеаја елиминации на стартот на ИТФ фјучрс турнирот W50 Лопота во Грузија.

Ѓорческа мечот со Дарија Комуцианскаја од Белорусија го предаде во третиот сет при резултат 1-1 во сетови и 4:1 во гемови во решавачкиот сет. Мечот до прекинот траеше 103 минути. Во првиот сет Ѓорческа имаше одличен старт и водство од 3:0 во гемови, а потоа таа предност се покажа како клучна за македонската тенисерка да го добие првиот сет и да поведе со 1-0. Во вториот сет ривалката дојде до предност од 2:0 во гемови и таа предност ја имаше до крајот на сетот што го доби со 6:3. Во третиот сет поради повреда Ѓорческа беше приморана да го предаде мечот.

Магдалена Стоилковска за противничка ја имаше седмата носителка Чагла Бујукакчај од Турција и загуби со 2-0 во сетови (16 46) во меч што траеше 103 минути. Првиот сет го доби тенисерката од Турција со 6:1 во гемови, додека повеќе неизвесност имаше во вториот сет. Стоилковска водеше со 3:1 и 4:3 во вториот сет, но ривалката успеа да направи пресврт и да го добие сетот со 6:4 во гемови, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.

ПретходноТиверија Брера и Љуботен ќе играат во финалето на женскиот Куп на Македонија
СледноАндреј Шошкиќ погоди со звукот на сирената и го лансираше Работнички во полуфинале