И Ивановски елиминиран на стартот на турнирот во Србија

58

Македонскиот тенисер Калин Ивановски е поразен во првото коло на фјучрсот М25 Куршумлијска Бања. Тој вечерва (мечот се играше под рефлектори) загуби од Чехот Тадеш Парулек со 2-1 во сетови (64 16 61). Мечот траеше 2 часа и 8 минути.

Во првиот сет клучниот брејк за предност во сетот Парулек го направи во третиот гем кога поведе со 2:1 во гемови и таа предност ја сочува до крајот на сетот кој го доби со 6:4 во гемови. Македонскиот тенисер имаше целосна контрола над играта во вториот сет и по водството од 3:0 во гемови, сетот го заврши со само еден загубен гем освојувајќи го со 6.1 во гемови. Но, слична беше ситуацијата и во решавачкиот сет, кој му припадна на тенисерот од Чешка, кој сетот го доби со 6:1 во гемови.

Ивановски следниот настап треба да го има на Челинџер турнирот во Загреб.

ПретходноПогледнете ја тројката со која Андреј Шошкиќ го „замрзна“ Пелистер (ВИДЕО+ФОТО)
СледноЛШ ПОЛУВРЕМЕ: „Бомбата“ на Фабијан Руиз го носи ПСЖ на чекор до финале (ВИДЕО)