Самарџиев го остави Работнички среде полуфинална серија

528

Работнички до крајот на сезоната, поточно во продолжение на полуфиналната серија во плеј-офот нема да биде под водство на Горан Самарџиев. Сега веќе еск-предводникот на „црвено-белите“ после вчерашниот пораз од ТФТ ја понудил својата оставка, а истата се чини била прифатена од страна на раководството. Најтрофејниот кошаркарски колектив водеше со 14 поени разлика, а потоа во второто полувреме целосно потона.

Тој дојде на клупата на Работнички на крајот од 2023 година, иако не успеа да го однесе тимот до посакуваните резултати, сепак она што го бележеше беше сосема коректно со оглед на финансиската криза која со години е присутна во редовите на најтрофејниот кошаркарски колектив.

Работнички губи со 2-0 во полуфиналето на плеј-офот, после промените на клупата многу е тешко да се верува дека ќе успее да се врати во игра за пласман во финалето.

ПретходноМинесота го елиминираа Голден Стејт за финале на Западот (ВИДЕО)
СледноЧаби Алонсо уште не дошол во Мадрид, почна да дели откази!