Џонов: АЕК е одличен тим, но ние сме оптимисти – можеме до добар резултат!

177

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Три часа го делат Алклоид од првата од двете европски финални пресметки. Кирил Лазаров и неговите момци денеска (18 часот, директен пренос на МРТ) му гостуваат на АЕК. Ова е противник за кого не треба да се трошат зборови бидејќи зад грчкиот тим има бројни меѓународни натпревари и добро склопен состав со странски ракометари.

Периодот после репрезентативните обврски, Алкалоид целосно го посвети кон подготовка. Иако АЕК голем фаворит на хартија, сепак во таборот на македонскиот тим се оптимисти.

„Целата измината седмица по враќањето од репрезентативна пауза го анализиравме тимот на АЕК. Максимално сме сконцентрирани на ова европско финале, знаеме дека нема да ни биде нималку лесно. АЕК е една одлична екипа со голем број на искусни играчи, знаеме дека имаат одиграно голем број на важни меѓународни натпревари. Ние максимално го искористивме периодот за подготовки, оптимисти сме дека можеме да стигнеме до позитивен резултат, па потоа да размислуваме за реваншот што следниот викенд ќе го играме во Скопје пред нашата домашна публика.

ПретходноИнтернационалец од Тунис го засилува Е.Пелистер 2
СледноДе Брујне: Нема смисла да играм на Светското клупско првенство, што ако се повредам?