СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева
Екипата на Алкалоид за кратко време го почнува своето прво исторски финале во ЕХФ Европскиот Куп. Актуелниот освојувач на Купот на Македонија е гостин на АЕК во Олимписката сала „Сунел Арена“ која речиси е исполнета, сигурно има околу 6.000 фанови.
Кирил Лазаров и неговите избраници ќе играат пред полни трибини и „пеколна“ атмосфера, на еден дел од Арената се страствените фанови на грчкиот тим.
Но, ваката атмосфера пак не е непозната за Алкалоид, кој дел од домашните мечеви на гостински терен ги игра пред полни трибини. Пред мечот ракометарите најавија дека полните трибини ќе бидат мотив, а едно финале заслужува да се игра пред многу гледачи.