Петковски: Знаевме дека ќе направат се за да го променат темпото, но бевме подготвени

106

Со три постигнати гола, Александар Петковски покажа дека е важна алка во играта на Алкалоид. Денеска во Атина и тој и неговите соиграчи покажаа дека се зрели за прв еврпски трофеј.

„Од стартот влеговме максимално. Тоа се одрази на нашата игра, да бидеме во егал цел натпревар и на крајот од истиот кога беше најпотребно да поведеме со поголем број на голови. Се промени темпото на играта. Ние доста го трениравме тоа. И мислам дека тоа беше клучниот момент, причината за начинот на кој одигравме. Искусна екипа, не им е првпат да реагираат вака, да пробаат нешто. Пристигнаме од Скопје со знаење дека ќе има простор за такво нешто да пробаат да исценираат, да створат тензија. Можам да кажам дека бевме подготвени на се што се случи“, вели младиот Петковски.

ПретходноАнгели следната сезона ќе играат во кошаркарската елита
СледноТФТ го „збриша“ Работнички во три меча и закажа финале со МЗТ Скопје (ФОТО)