Баскет Кам ја продолжи доминацијата – четврта титула во низа!

62

Екипата на Баскет Кам е нов-стар шампион на Македонија во женска сениорска конкуренција.

Девојките од Македонска Каменица беа подобри од својот противник во големото финале, екипата на Крива Паланка. По двете домашни победи, вечерва стигнаа и до првата на гостински терен со 49-67 за максимални (3-0) во финалната серија на плеј-офот. За Баскет Кам ова четвртта по ред титула по ред.

Ивана Кметовска постигна 28 поени кај шампионот и сосема заслужено беше прогласена за МВП. Димова ја следеше со 16, додека капитенот Поп-Димитровска имаше десет реализаци во клучниот меч од серијата. Кај Крива Паланка, Робинсон постигна 23 поени.

ПретходноМихаил Талевски: Пресреќен сум за головите, за победата, за тоа дека сум дел од еден ПОБЕДНИЧКИ Вардар!
СледноФудбалерите на Вардар ја прекинаа прес-конференција и го „истушираа“ Седлоски (ВИДЕО)