По цели 18 години Вардар го освои Купот на Македонија и благодарение на тоа по цели 8 години нашиот најтрофеен клуб ќе има европско лето. Вардар последен пат играше во Европа во 2018 година кога во 1.квалификациско коло во ЛЕ беше елиминиран од Пјуник со 0:2 и 0:1.
Ова лето повторно Вардар ќе игра во Европа, а ќе започне со настап во 1.квалификациско коло во Лигата на Конференции. Инаку со оглед дека го немаше долго време во Европа, Вардар има коефициент од 1.233 па затоа ќе биде во групата на неносители за ждрепката во стартното квалификациско коло.
Ова се можните ривали на Вардар, исто како и на Работнички и Силекс кои исто така ќе бидат неносители:
Да кажеме дека ждрепката за првото и второто квалификациско коло во Лигата на Конференции ќе се одржи на 17/18 јуни а мечевите од првото коло се закажани за 10 и 17 јули.
Секако останува на Вардар, но и на сите наши европски претстаници, да им посакаме среќа и успешен настап ова лето во фудбалска Европа.