Двата нови прволигаши, Маџари и Ангели вечерва го одиграа финалето во Втората лига. Победник од оваа битка излезе домаќинот, Маџари кој славеше на крајот со убедливи 79-67.
Иако оваа средба резултатски немаше значење поради веќе обезбедениот пласман во кошаркарската елита, сепак желбата да се подигне трофејот беше голема и на двете страни.
А Маџари кој испиша историја со самиот пласман во Првата лига ја потврди доминацијата во второлигашката конкуренција. Кошаркарите на овој тим постојано имаа минимална позитива, во последните минути од дуелот не му дозволија на противникот сериозно да се закани за голема радост на трибините.