Селекторот на машката младинска репрезентација, Радослав Стојановиќ го објави скратениот список за претстојното Светско првенство до 21 година кое ќе се одржи во Полска. Предводникот на оваа талентирана репрезентација ќе работи со 20 имиња.
Младинската машка репрезентација е дел од групата Ф заедно со селекциите на Исланд, Фарски Острови и Романија, а натпреварите ќе се играат во Катовице.