Младинскиот тим на Е. Пелистер ќе биде дел од завршниот турнир на младинската Лига на Шампиони во Келн и затоа е награден од страна на Министерството за спорт со 1.5 милиони денари.
Е. Пелистер го освои првото место на турнирот во Букурешт пред неполни два месеци и ќе се бори за европската титула со ГОГ Гудме, Барселона и Веспрем. Во полуфиналето на 14 јуни во 09:00 часот во Дормаген, Еурофарм Пелистер ќе се сретне со ГОГ Гудме.