ТРЕНЕР НА СЕЗОНАТА: Гоце Седлоски (Вардар)

402

По се она што го направи оваа сезона, пред се во текот на оваа пролет со Вардар, според “СпортСпорт“ токму Гоце Седлоски е тренерот на сезоната 2024/25.

Ова е изборот на нашата редакција, секако во силна конкуренција на Јетон Беќири (Шкендија) поради титулата во ПМФЛ и Горан Станиќ (Работнички) поради тоа што тимот од Градски парк го однесе во Европа.

Сепак Вардар, под водство на Седлоски е чудото во изминава сезона. Од последно место па на крајот до петтата позиција. Во пролетниот дел на 18 меча во низа, тука ги сметаме сите официјални, без пораз и на крај освојување на пехарот во Купот на Македонија, по пауза од 18 години, и со тоа изборување настап во Европа по пауза од цели осум години.

Еден од главните факторина тоа чудо секако дека е Седлоски.

Тој тренерот кој ја одбележа оваа сезона која турболентна најмногу за Вардар.

Можеме да претпоставиме што ќе се случуваше со тимот на Вардар ако на почетокот на ноември минатата година Седлоски не седнеше на клупата на нашиот најтрофеен клуб.

ПретходноФормула 1 од 2028 година ќе се вози и на Тајланд
СледноМанчестер Ј. го известил Ипсвич дека ќе ја активира откупната клаузула за Делап