Италијанецот Јаник Синер во голем стил одработи пласман во полуфиналето од овогодинешното издание на Ролан Гарос. Тој во четвртфиналето го совлада казахстанецот Бублик со 3:0 по сетови 6:1. 7:5, 6:0 и на тој начин обезбеди да биде дел од најдобрите четворица на овој турнир.
Противникот во овој дуел немаше никави шанси против објективниот фаворит, кој што во моментов е прв носител на турнирот.
Вечерашниот дуел помеѓу Новак Ѓоковиќ и Зверев ќе го даде противникот на Синер во полуфиналето.
фото ROLAN GAROS FACEBOOK