Шанса за фановите да ги поздрават шампионите: Алкалоид го пречекува ГРК Охрид во последниот домашен меч

977

Еден ден по одлуката на ЕХФ, шампионската титула во ЕХФ Европскиот Куп да му ја додели на Алкалоид, тимот од Автокоманда го игра последниот натпревар на домашен терен.

Кирил Лазаров и неговите момци го пречекуваат ГРК Охрид во меч од деветото коло во плеј-офот. Ова ќе биде одлична шанса за фановите на Алкалоид да ги поздрават шампионите и да им дадат поддршка против охриѓани за победнички крај на домашен терен. Мечот е закажан со почеток во 18 часот.

До крајот на сезоната новиот освојувач на ЕХФ Европскиот Куп ќе има уште еден меч против Бутел Скопје на гости.

Алкалоид е трет на табелата зад Пелистер и Вардар, има 11 бода, шест повеќе од охриѓани.

ПретходноПознат патот на женските репрезентации до 17 и до 19 години за пласман на ЕП
СледноФФМ со важни информации за македонските фанови пред дуелот со Белгија