ФФМ со важни информации за македонските фанови пред дуелот со Белгија

982

Македонската фудбалска репрезентација вечерва (20:45 часот) на Националната Арена „Тодор Проески“ ја пречекува Белгија во рамките на квалификациите за пласман на Светско првенство.

Пред мечот ФФМ испрати апел до сите кои ќе дојдат од лице место да ги бодрат нашите фудбалери.

*Вратите на Арената ќе бидат отворени во 18:45 часот, за да се изгуби метеж ФФМ препорача сите да дојдат навреме.
*Лица со жолти маички ќе ги проверуваат / скенираат билетите на влезот.
*Подгответе ги однапред за побрза и полесна проверка.
*На билетите се наведени предметите кои не се дозволени за внесување.
*Ве молиме почитувајте ги правилата за ваша и заедничка безбедност.
*Понесете го вашето знаме или шал и сите заедно да ја обоиме арената во црвено-жолто и да навиваме за Македонија!

ПретходноШанса за фановите да ги поздрават шампионите: Алкалоид го пречекува ГРК Охрид во последниот домашен меч
СледноПознато е кога Модриќ официјално ќе потпише за Милан