Македонија – Белгија вечерва од 20:45 часот на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје, во меч од 3.коло во квалификациската група Ј за пласман на СП 2026.
Меч кој веројатно ќе ја одреди судбината на нашата репрезентација во овие квалификации. Не дека ќе биде решавачки, ама секако дека ќе биде патоказ како понатаму. Дали и понатаму селекторот Благоја Милевски, неговите избраници, сите ние ќе имаме право да се надеваме на нешто голмо.
Да, „рисови“ против „ѓаволи“. Македонија VS Белгија. Македонија против силната, против “страшната“ Белгија, селекција која е осма фудбалска сила во светот, официјално според ранкингот на ФИФА.
Ова е меч и за докажување, меч во кој може да изроди некој нов наш фудбалски херој. Да, Белгија е силна, “страшна“, но и Македонија си има свои адути. Еден од тие што во последно време, не само што немаме пораз две години дома, туку немаме пораз и на официјални средби, а сме играле со Италија, Англија, Велс.
Ова покажува дека сме во добра форма.
За нешто големо на овој меч потребна е и силна поддршка од трибините. Според најавите на Арената вечерва ќе има околу 30.000 гледачи, а тоа е доказ дека вечерва тоа ќе биде спектакл во Скопје. Од 30.000 грла ќе ечи… Македонија, Македонија!
Македонија сака, Македонија може, Македонија ќе одигра најдобро што може.
Капитенот Енис Барди и неговите соиграчи горат од желба, токму дома, пред своите фанови да покажат уште еднаш дека можат со секого, дека не им се плашат на силните “ѓаволи“.
А познато е дека “рисовите“ одат секогаш во напад…така и со оваа генерација на Македонија.
Овие момци во последните неколку години одиграле безброј вакви мечеви, имаат искуство, добро знаат што треба.
Не се сомневаме дека ќе го дадат максимумот, а нас ни останува само да ги бодриме со надеж и желба за еден успех.
Па, момци, вие сте на потег!
НАПРЕД МАКЕДОНИЈО!