Како што кажа селекторот Благоја Милевски на прес-конференцијата, Македонија во составот ќе ги нема Бојан Димоски и Исник Алими за вториот меч од овој јунски циклус во групата Ј за пласман на Светското првенство.
Во понеделник играме со Казахстан во Астана и поради повреда овие двајца нема да патуваат.
Поради жолти картони, на клупата на нашата репрезентација нема да биде селекторот Благоја Милевски.
Сепак и без Алими и Димоски оваа селекција на Македонија и тоа како може да дојде до победа на гости кај Казахстан.
Нашите фубалери утре после пладне ќе тргнат за Казахстан.