Стојчевски ќе го памети своето деби: Голем бод за нас! Имавме доста шанси, можевме и да победиме!

738

Андреј Стојчевски ќе го памети дебито во дресот на Македонија. Тој доби шанса во стартниот состав против Белгија, меч кој зааврши со 1-1. На овој начин нашата најдобра фудбалска репрезентација ја продолжи серијата на мечеви без пораз, стигна до бројката од 10 натпревари.

„Ова беше мое деби за А селекцијата, сон на секој играч е да настапи за репрезентација. Прекрасен ден за мене и мојата фамилија. Преубаво чувство и сакам сите да можат да го искусат ова. Имавме доста шанси, можевме на крај да победиме. Но, потоа откако имавме негатива, на крај излезе добро за нас. Важен бод за нас, и сега останува да го потврдиме во Казахстан. Знаеме каква селекција е Белгија. Ни правеа проблеми, но ние одигравме на нашето ниво, дадовме максимум и успеавме да освоиме голем бод“, рече Стојчевски.

Македонската репрезентација денеска после пладне заминува за Казахстан, каде во понеделник ќе ги одмери силите со оваа земја.

ПретходноФилип Савовски нов играч на Панатинаикос!
СледноЃоковиќ по елиминацијата: Ова можеби е мојот последен натпревар на Ролан Гарос!