Филип Савовски нов играч на Панатинаикос!

194
Фото:https://vfmkd.org.mk/

Македонскиот репрезентативец Филип Савовски во следната сезона ќе го носи дресот на грчкиот шампион Панатинаикос. Средниот блокер и клубот се договорија на едногодишна соработка.

Со овој трансфер интернационалната кариера на 23-годишниот одбојкар добива нова димензија.

„Претставува посебно задоволство, но и најголем предизвик досега во кариерата потписот со Панатинаикос. Клуб со голема традиција, актуелен шампион на Грција и не се сомневам дека целите и во следната сезона ќе бидат високи. Професионално ќе се искачам скалило повисоко со оглед на тоа дека екипата ќе настапува во Лигата на шампионите, што истовремено ќе претставува и ново искуство и можност за напредување и докажување. Се договоривме на едногодишна соработка и се надевам дека ќе имам успешна и пред се здрава сезона“, вели Филип Савовски.

Савовски својата кариера ја започна во Весна Пробиштип, потоа преминува во Струмица 47&72 со кој ја освојува двојната круна во македонското првенство, а првиот интернационален чекор го прави во српските клубови Војводина и Нови Сад.

ПретходноНа Меси во Интер Мајами ќе му се придружи нов Аргентинец!?
СледноСтојчевски ќе го памети своето деби: Голем бод за нас! Имавме доста шанси, можевме и да победиме!