Митревски: Верувавме дека можеме, сега и среќата беше на наша страна

587

Искусниот голман на битолчани, Никола Митревски, денеска го понесе својот тим на патот кон новата шампионска титула. По мечот во Скопје, тој го прокоментира сето она што се случуваше долу на теренот во овие бурни 60 минути.

„Пред се сакам да им честитам на сите присутни во салата, затоа што покажавме дека можеме да организираме натпревар на врвно ново. Секам да им честитам на моите соиграчи. Имавме многу добри и лоши моменти, но на крајот успеавме. Верувавме дека можеме. Претходните два меча кои ги загубивме од Вардар, сите оние ничии топки завршија кај нив. Денеска малку бевме посреќни, имавме добра атмосфера внатре во екипата и тоа ни се врати. Мислам дека притисокот си го направи своето за Вардар, а ние немаше што да загубиме. И покрај поразот во купот, каде Вардар доминираше, денеска повторно одиграа фантастично прво полувреме, но во вториот дел одбраната надокнади многу. Сите оние случајни голови кои ги даваше Вардар, сега ги дадовме ние. Тоа беше пресудно“, изјави еден од најдобрите ракометари кај „пелистерци“ денеска, голманот Никола Митревски.

ПретходноРаботнички почна со подготовки за европското лето (ФОТО)
СледноКузмановски: Македонија денеска е зелено-бела, три дена ќе славиме титула!