Женската кошаркарска селекција на Македонија за играчи под 18 години забележа уште еден пораз на гостувањето во Подгорица. Јуниорската репрезентација на Црна Гора дојде до убедлив триумф 100:38 на втората проверка, одиграна во рок од неполни 48 часа.
Нашиот тим беше дополнително хендикепиран, откако по отсуството на сестрите Начевски, на оваа средба стручниот штаб, предводен од селекторот Виктор Петровски, не можеше да смета на услугите ниту на Ива Колева, нашата најефикасна кошаркарка на првата „контрола“ одиграна вчера навечер.
На оваа средба најмногу поени имаше Мариновска 9.
По завршувањето на втората проверка против силната селекција, која ќе биде дел од ЕП од Дивизијата „А“, нашите јуниорки се враќаат назад во Скопје, каде по ден пауза ќе ги продолжат подготовките во комплетен состав.