Браун го оперираше коленото, ќе се врати подготвен за новата сезона

98

Кошаркарот на Бостон, Џејлен Браун го оперираше коленото, но ќе биде подготвен за стартот на тренинг кампот на Селтикс пред почетокот на новата сезона. Тој беше подложен на операција на коленото вчера, а како што потврдија извори од клубот, се минало во најдобар ред.

Кошаркарот на Бостон беше подложен на артроскопска операција на десното колено и се очекува да закрепне до почетокот на подготовките за новата сезона. Со операцијата е отстрането воспалено ткиво во коленото кое му создаваше големи проблеми.

ПретходноПанатинаикос е новиот клуб на Ти-Џеј Шортс
СледноБетис размислува за позајмица на Киеза