Пионерската одбојкарска репрезентација на Македонија во женска конкуренција, синоќа во Скопје ги започна подготовките за Балканското првенство кое ќе се одржи во Плевља, Црна Гора од 19 до 23 јуни.
Селекторот Горан Славков и неговите помошници Виктор Зафиров и Атанас Филиповски на поширокиот список повикаа 17 пионерки.
На Балканијадата за играчи до 16 години покрај селекцијата на Македонија и домаќинот Црна Гора ќе настапат уште и Бугарија, Грција и Турција, кои ќе се натпреваруваат по системот „секој со секого“.
Веќе е дефиниран и распоредот на натпреварите. Македонија во првото коло на 19 јуни ќе игра против организаторот Црна Гора во 18 часот. Во второто, ден подоцна, од 15:30 часот пионерките ќе се соочат со Турција. На 21 јуни во 15:30 часот за противник ја имаат Грција. 22 јуни ќе биде слободен ден за нашите девојчиња, додека во последното коло на 23 јуни играат со Бугарија.