Виктор Велковски, сега веќе екс дефанзивецот на Вардар, својата кариера ќе ја продолжи во Првата лига на Албанија, во тимот на Лачи. Велковски, кој има 25 години, а пред две години играше и во Работнички, имаше неколку понуди, но сепак се реши да ја прифати онаа на Лачи.
Тој е еден од оние играчи, и тоа ги има неколкумина, кои во овој летен трансферен период заминаа на фудбалска печалба ја нашиот западен сосед.