Кадетките утре против Албанија за 5. место на Балканското првенство

71
фото: balkanvolleyball.org

Женската кадетска одбојкарска репрезентација на Македонија утре ќе игра во битка за 5. место на Балканското првенство во Тирана, Албанија. Избраничките на селекторот Александар Митев остварија една победа и два порази во натпреварите од групната фаза, па сега ќе вкрстат со сомашната селекција, во битката за пласман на 5. место.

Вчера во последното трето коло од групната фаза Македонија загуби со 0:3 (18:25, 15:25, 6:25) од селекцијата на Турција.

Мечот за 5. место е на програмата утре од 14 часот.

ПретходноМеморијал „Марко Божиновски“: Македонија (Б) подобра од Романија
СледноОклахома испиша историја: Најмногу постигнати поени во една НБА сезона!