Каков „терор“ на Матијас Гидсел во последните две години

601
Фото: Фуксе Берлин/Фејсбук

Магдебург после две години се врати на тронот во Европа. Во германското финале во Лигата на шампиони го совлада Фуксе Берлин со 32-26 за петта титула во ова натпреварување.

Фуксе Берлин не успеа да испише историја и покрај тоа што во составот го има еден од најдобрите ракометари на денешницата. Матијас Гидсел на крајот доби награда за најдобар стрелец за сезоната 2024/25 во која постигна 131 гол.

Доста интересно е што од 2023 година сите признанија и на репрезентативно ниво ги доби токму тој. Најдобар стрелец на Светското првенство 2023 и 2025 година, Олимписките игри 2024 и Европското првенство 2024.

ПретходноСкандал ја тресе Италија: 16 членови на Салернитана завршиле во болница после мечот со Сампдорија
СледноТомче Гроздановски е нов играч на Конкордиа