Македонската кошаркарска репрезентација наскоро ќе добие нов селектор. Марјан Илиевски треба и официјално ќе биде промовиран утре од страна на новото раководство на КФСМ.
Иако Македонија ја чека нов пеколен пат во светот на кошарката, сепак Илиевски одлучи да подаде рака и да почне да гради тим, кој ќе успее да ја врати радоста во овој национален спорт, кој долго време се мачи на европска и светска сцена.
Новиот селектор го чека претквалификации за Светскиот Куп 2027, Македонија е во група со Романија и Унгарија, а мечевите се играат во август по принципот дома на гости.
Познат е новиот стручен штаб во националниот тим. Помошници на Илиевски ќе бидат Боби Митев, Борче Даскаловски и Мирко Петрески.
Сите детали околу списокот и подготовките ќе бидат познати на официјалната прес-конференција на која ќе бидат присутни претседателот Томе Главчев, потпретседателот Младен Ѓуроски, и генералниот секретар Томче Стојчевски.