Македонскиот младински репрезентативец Стефан Тасев, се враќа во неговиот поранешен клуб Тиквеш. Спорспорт дознава дека новата управа на клубот од Кавадарци постигнала договор за враќање на талентираниот голман, кој што периодов имаше кратка екскурзија во Бугарија.
Стефан Тасев е еден од најталентираните млади голмани во Македонија, и реално во Кавадарци и во минатиот мандат доби шанса, а и сега веројатно ќе ја добие.
Во Кавадарци летово се планираат неколку засилувања како во дефанзивата, така и во нападот, е не е исклучено да се доведе и засилување во средниот ред.