Бутел се засили со интернационалец од Грузија

114

Екипата на РК Бутел за следната сезона ќе биде посилна за интересно интернационално засилување. Оредмалку клубот се пофали дека го доведува репрезентативецот на Грузија, Давид Гришикашвили.

Станува збор за млад лев бек, роден 2007 година, за кој настапите во Бутел Скопје и во македонското првенство ќе бидат првите на интернационалната сцена.
Гришикашвили има одлични физички предиспозиции (199/95) и досега беше дел од составот на Пегаси Тбилиси. Тој потпиша договор на три сезони со Бутел Скопје.

ПретходноСе намалува бројот на екипи во првата кошаркарска лига
СледноTаеквондо репрезентацијата на подготовки во Крушево