Мануел Куестас потпиша четиригодишен договор со Вардар

1978

Аргентинскиот интернационалец, Мануел Куестас, кој што е дел од тимот на Вардар веќе шест, месеци, во тренинг базата во Раденци, Словенија каде што „црвено – црниот“ состав во моментов се наоѓа на подготовки, го потпиша својот четиригодишен договор.

Куестас има 20. години и е перспективен млад стопер. Тој немаше право на настап се досега, поради големиот број на странци во тимот, но летово се отвора простор во ростерот и за него.

Тој напорно работеше сиот овој изминат период и заслужи договор со кој што ќе биде дел од Вардар во следниот период.

 

ПретходноАрсенал изненадувачки го става Мартинели на трансфер листа?
СледноИсланд со убедлив пораз ги испрати македонските младинци во Президент Куп