До сега невидено: Резервите на Дортмунд од соблекувална го гледаа мечот!

206
Фото: Borussia Dortmund @BVB Х

Борусија Дортмунд на дуелот против Мамелоди во рамките на Светското клупско првенство немаше ниту една резерва на клупата во првото полувреме. Причината за ова се тропските горештини во Синсинати, па од клубот решија да ги испратат во соблекувалната. Германскиот тим на овој дуел славеше со 3-4.

„Нашите резервни играчи го гледаа првото полувреме од соблекувалната за да го избегнат жешкото сонце на стадионот, никогаш порано не сме виделе такво нешто, но на оваа жештина, апсолутно има смисла“, порачаа од Борусија.

Ова е само еден од многуте докази дека Светското клупско првенство е големо промашување, не само поради нискиот квалитет на учесници, туку и празните стадиони.

Претходно„На Елмас и Барди не можеш да им ја земеш топката“
СледноВардар со 3.5 милиони евра буџет ќе напаѓа двојна круна во новата сезона