Роденденски подарок за младиот Кире Стојанов, еден од најголемите таленти во Академија Пандев. Имено Стојанов денеска полни 16 години и со клубот потпиша професионален договор.
Тој игра во нападот, како што велат од клубот Стојанов е нивна голема надеж, потекнува од школата на А. Пандев. Исто така е и член на младата репрезентација на Македонија до 17 години.