Пелистер го дозна патот кој води до групната фаза во Лигата на шампиони

198

Екипата на Пелистер го доби противникот за квалификацискиот турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. На стартот ќе игра против Реџо Емилија, доколку излезе како победник во тој случај ќе вкрсти подобриот од Орадеа – Антверпен. Пласман во финалето ќе значи дека ќе игра против најдобриот од пресметките меѓу ПАОК – Дерби и Бурсаспор – Ловен.

Патот до билет за место во ЛШ е исклучително тежок, ќе се играат три квалификациски турнири со по осум екипи, на кои само трите победници ќе обезбедат учест во групната фаза од Лигата на Шампионите.

Сепак, дури и елиминација во овие квалификации нема да значи крај на европскиот настап бидејќи е речиси сигурно дека Пелистер автоматски ќе ги продолжи настапите во групната фаза од ФИБА Европскиот куп.

Квалификациските мечеви треба да се играат од 23-28 септември, а допрва ќе биде познат домаќинот на овој турнир.

ПретходноАрсенал и Ѓокерес конечно се договорија
СледноДарко Глишиќ e новитет кај „Лавовите“