Величковски го напушти Септември

163

Македонскиот младински репрезентативец Никола Величковски летово ќе има нов клуб, откако го напушти тимот на Септември Софија.

Младиот напаѓач се разделува со својот прв интернационален тим, и наесен ќе има нова средина.

Тој потекнува од школата на Вардар, каде што и дебитираше за да потоа се пресели во Работнички, па потоа и во екипата на Македонија ЃП.

За младинските селекции на Македонија има преку дваесет настапи и постигнато пет гола.

 

ПретходноСо неверојатен пресврт Марковски и Јовиќ стигнаа до победа!
СледноКарлито со максимални 3:0 за пласман во следната фаза!