Олаосебикан и официјално во дресот на Вардар! (ФОТО)

452

Ибраим Олаосебикан (25), интернационалецот од Нигерија и официјално е нов фудбалер на Вардар. Играчот за врска, кој може да игра и во офанзивата како и на левата крилна позиција, од денеска е во дресот на нашиот најтрофеен клуб.

Раководствата на Вардар и Брера, клуб за кој досега играше Нигериецот, ги средија сите потребни документи и овој трансфер сега и е официјализиран како што веќе напоменавме.No description available.

Инаку Олаосебикан мораше порано да се врати во Скопје заради запазување на рокот за пријавување за настап во Европа.

Договорот е потпишан на две години. Уште еден добар, одличен потег на раководството на Вардар.

ПретходноЕве како Ла Лига се потсети на МАЕСТРО Барди! (ВИДЕО)
СледноСо неверојатен пресврт Марковски и Јовиќ стигнаа до победа!