Генерално слабиот интерес на навивачите ги принуди организаторите на Светското клупско првенство уште повеќе да ги намалат цените на билетите, и покрај фактот дека веќе сме во најинтересната фаза од турнирот – од четвртфиналето па натаму.
Според официјалната веб-страница на Ticketmaster, билетите за судирот помеѓу Флуминенсе и Ал-Хилал во Орландо почнуваат од скромни 11,15 долари и се искачуваат до 140 долари. За натпреварот помеѓу Челзи и Палмеирас во Филаделфија, билетите се движат од 18 до 165 долари.
Во сабота, Париз Сен Жермен и Баерн Минхен ќе го одиграат можеби најатрактивниот натпревар од четвртфиналето. За овој натпревар во Атланта, цените се движат од 44,60 до 385 долари.
Само за последниот натпревар пред полуфиналето – Реал Мадрид против Борусија (Дортмунд) во Њу Џерси, цените се високи – од 128 до 610 долари.