Нова ера: Еспаљол продаден за 200 милиони евра

252

Според информациите на „Марка“, станува збор за американскиот инвестициски фонд „Velocity Sport Partners (VSP)“, кој е основан и управуван од бизнисменот Алан Пејс.

Овој фонд е воедно и веќеински сопственик на англискиот премиерлигаш Брајтон.

Споменатиот шпански медиум пишува дека целата трансакција изнесува 200 милиони евра, од кои 180 милиони претставуваат инвестиција со која новите сопственици ќе преземат 99% од акциите во клубот, а дополнителни 20 милиони ќе бидат издвоени како бонус, поврзан со резултати и поставени цели.

„Марка“ наведува дека ова е една од најголемите инвестиции во шпанскиот фудбал во последните години.

До конечниот договор помеѓу двете страни – старите и новите сопственици – дошло по три месеци интензивна проверка на сите документи, договори и внатрешна структура на клубот.

Се очекува договорот да биде официјално финализиран следната недела, со што ќе започне нова ера за Еспањол, чиј прв чекор со новите сопственици ќе биде засилување на екипата за следната сезона.

ПретходноПознати се деталите: Начинот на кој загинаа Жота и неговиот брат е застрашувачки
СледноИвановски: Пелистер оди по вистински пат, чест е да се биде рамо до рамо со клубовите од ЛШ