Екипата на Тиквеш денеска стартува со подготовки. Со нови сопственици, и амбиции за успех во следниот ПМФЛ шампионат.
Кавадарчани ќе ја одработат првата фаза од подготовките во домашни услови, а потоа се сели во Болу, Турција каде што ќе се случи зенитот на летните подготовки.
Во меѓувреме, се комплетира екипата што се однесува до засилувањата, а по Тасев, Стевковски, Илиески, Ацковски, во Кавадарци пристигнува и младиот Ѓоко Спасов.
Тоа е момчето кое што во Кавадарци доби шанса на многу мала возраст, па по траснферот во сегашна Брера, со добрите игри стигна и со Бродарац во Србија.
Сега, Спасов на инсистирање на тренерот Мојсов се враќа во Кавадарци и ќе биде сериозна опција за левата крилна позиција.