Челниците на РФМ во посета на ИХФ

71

Раководните структури на Ракометната федерација на Македонија, претседателот  Александар Стефанов и генералниот секретар Влатко Тасевски, денеска се во официјална посета на ИХФ. Поточно, раководството на РФМ оствари работна посета во седиштето на Светската ракометна федерација (IHF) во Базел, Швајцарија.

Главна тема на состанокот секако беше планот за продлабочување на идната соработка помеѓу двете федерации, со фокус на развојот и промоцијата на ракометот во Македонија.

Оваа посета претставува уште еден значаен чекор во амбициите на РФМ за унапредување на македонскиот ракомет на меѓународната сцена.

ПретходноСелекторот Оливер Стојмановиќ го објави поширокиот список за ЕП Дивизија Б
СледноБесир Рамадани е нов стопер на Тиквеш