Бесир Рамадани е нов стопер на Тиквеш

618

Во Кавадарци денеска ќе се означи старт на фудбалските активности, затоа што ГФК Тиквеш ги стартува летните овогодинешни подготовки.

Засилувањата пристигнуваат секојдневно, тренерот Ѓоко Мојсов, веќе денеска има неколку нови лица на прозивката, оние кои веќе Спортспорт ги најави, како Тасев, Стевковски, Ацковски, Илиески…

Сепак, она што предмалку пристигна како информација од Кавадарци е дека нов стопер на тимот е екс македонскиот, а потоа и албански младински репрезентативец, Бесир Рамадани.
Некогашниот младинец на Шкупи, во моментов има 25. години, а пристигнува од Косово, каде што настапиваше за екипата на Гњилане. Беше член и на екипите на Гостивар, Генч Калемлер, Струга ТЛ, и Приштина.

 

ПретходноЧелниците на РФМ во посета на ИХФ
СледноОбјавено видео од местото на несреќата во која загинаа браќата Жота (ВИДЕО)