Мечот ТНС – Шкендија со директен пренос на МРТ 3!

657

Убава вест за фановите на фудбалот во Македонија. Имено вечерашниот меч од Велс, меѓу ТНС и Шкендија ќе може да се проследи на МРТ 3, односно на Националниот ТВ сервис со почеток од 19.55 часот.

Инаку самиот меч е закажан за 20 часот. Ова е првиот натпревар од 1.квалификациско коло во Лигата на Шампионите, додека реваншот се игра во Скопје за седум дена.

Пред Шкендија е тежок противник кој лани играл во лигашката фаза во Лигата на Конференции, сепак ТНС пред седум години е совладан, зошто историјата да не се повтори?

ФОТО: КФ Шкендија

ПретходноБутел со вајлд-карта во ЕХФ Европскиот куп, Охрид и Тиквеш со директен пласман во второто коло!
СледноУО на ФФМ: Усвоени пропозициите за првата, втората и третата лига, Таневски селектор на У-20, Божиновски е нов претседател на Судискиот одбор!